Во Лисабон се одржа меѓународен семинар за тренери и судии во џудо спортот

Во Лисабон се одржа меѓународен семинар за тренери и судии во џудо спортот

Во организација на Европската џудо федерација а во техничка организација на Џудо федерацијата на Португалија, изминатиот викенд во Лисабон се одржа меѓународниот семинар за џудо тренери и џудо судии.

На семинарот учество зедоа околу 100 стручни лица, џудо тренери и џудо судии од сите европски држави. Нашата држава преку Џудо федерацијата на Македонија ја претставуваа Дејан Мицкоски, лиценциран џудо тренер А категорија, член на стручниот совет при Џудо федерацијата и Дан комисијата при ЏФСМ, како и Томе Јосифоски – интернационален џудо судија Б категорија и актуелен претседател на Судиската комисија при Џудо федерацијата на Македонија.

Во Лисабон се одржа меѓународен семинар за тренери и судии во џудо спортот
Семинарот беше предводен од страна на првите луѓе и стручњаци од Европската џудо федерација, натпреварувачката, судиската и комисијата за едукација и беше од интерактивен карактер, со цел за имплементација и детална обработка на изменетите судиски правила кои ќе важат за олимпискиот циклус 2022-2024.

По завршувањето на семинарот се одржа и координативен состанок помеѓу челниците на Европската џудо федерација и претставниците на националните федерации од Европа, кои добија овластување да извршат едукација и обука на судиите и тренерите во насока на усогласување на целиот европски и интернационален систем на функционирање во џудо спортот.

Прочитајте повеќе

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Во организација на велосипедскиот клуб „Скај рајдерс бајк“ – Прилеп утре, недела 27.04.2025 година, на …