Денеска на повеќе места во нашата земја времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Максималната температура ќе достигне 21 степен.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура ќе се движи од 9 до 20 степени Целзиусови.