Путин со указ сака да го продава рускиот гас во рубљи, европските земји реагираат

Путин со указ сака да го продава рускиот гас во рубљи, европските земји реагираат

Во вчерашното обраќање до јавноста, рускиот претседател Владимир Путин рече дека од денеска, 1 април странските купувачи на руски гас ќе мора истиот да го плаќаат во рубљи, пренесува Би-би-си. Како што јавува дописникот на британскиот јавен сервис од Москва, новиот указ потпишан од Путин практично ќе значи дека странските купувачи ќе мора да отворат сметка во банката на Газпром и да извршат трансфер на долари и евра на неа, по што банката ќе треба да купи руски рубљи според актуелниот курс за да изврши плаќање на гасот.

„Никој ништо не ни продава бесплатно, па немаме намера ниту да даваме милостина. Тоа значи дека постоечките договори ќе бидат раскинати“, изјави Путин, додавајќи дека плаќањата во рубљи ќе треба да почнат од утре.

За заканите за прекинување на рускиот гас или воведувањето на обврска истиот да се плаќа во рубљи, реагираа европските лидери.

Уцени нема да трпиме, е реакцијата на германскиот министер за економија Роберт Хабек по изјавата на рускиот претседател, пренесува Гардијан. Германија нема да биде уценувана од Путин, а со идентитечен став е и Франција. Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер изјави дека Франција и Германија ги одбиваат руските барања.

Германскиот министер Хабек додаде дека Русија мора да ги почитува актуелните договори за испорачка на природниот гас и инсистира дека неговата земја е подготвена на сите сценарија во однос на она што Путин може да го одлучи за рускиот гас.

Германија во моментов е околу 40 отсто зависна од Русија при увозот на природен гас за задоволување на своите потреби и е најголем корисник меѓу земјите-членки на ЕУ, со 42,6 милијарди метри кубни увезени во 2020 година, пренесува Би-би-си.

Инаку, поради рускиот ултиматум, Германија и Австрија на тамошните јавности им соопштија дека ја активирале мерката за рано предупредување за да се подготват од ризикот за прекин на доставувањето на руски гас во двете земји. Австриската и германската влада ги повикаа граѓаните и компаниите да ја рационализираат потрошувачката на гас, но освен апели, во овој момент не е предвидено да се ограничуваат испораките на природен гас.

Европската Унија веќе го потврди ставот и на седумте најразвиени земји во светот од групата Г-7, кои одбија да го плаќаат рускиот гас во рубљи. ЕУ повтори дека Русија ќе мора да ги почитува актуелните договори, во кои исплатата за испорачаниот гас се врши во долари или евра.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …