Сдсм знаме

СДСМ: Раководството на СОНК им прави штета и на штрајкувачите, наставата да продолжи, правата на децата се најважни

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Одбивањето на предлогот за зголемување на платите во образованието од страна на раководството на СОНК, наликува на политички мотивирано дејствување и уценување на штета на учениците.

Владата излезе со конкретен предлог за зголемување на платите во просек од 2.500 до 3.000 денари и создавање на нова методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во образованието и детската заштита согласно економските движења во државата.

Сето ова Владата го прави во време на криза и во период кога се уште течат роковите за усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Според Законот, рокот за зголемување на платите е шест месеци, а повисоката минимална плата беше исплатена за месец март.

Истовремено, раководството на СОНК треба да биде искрено кон штрајкувачите кога станува збор за исплата на плати за време на штрајкот.

Тоа е јасно наведено и во Општиот колективен договор и во Законот за работни односи.

Во ставот два од членот 54 од Колективниот договор стои дека Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за време на штрајкот за работниците кои учествувале во штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците.

Штрајкот на СОНК е штрајк за унапредување на правата а не штрајк поради кршење на правата на работниците, па оттаму, работодавачот има обврска да исплати само придонеси на плата, а разликата до целосната плата треба да ја обезбеди организаторот, во случајов СОНК.

Почитувани,

Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту пак родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.

Одредени рокови како оној за државната матура и уписите во странство веќе се доближуваат и ова може да нанесе штета на илјадници матуранти.

СОНК мора да знае дека правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено најважно е правото на образование на учениците.

Ракводството на СОНК треба да го прекине штрајкот и да дозволи продолжување на наставата, затоа што на маса има конкретен предлог.

Сите мора да се водиме од интересите на децата, на учениците, затоа што тие се иднината на нашата држава.

Прочитајте повеќе

миле талевски

Талевски: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ Почитувани, Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 10 месеци не …