„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – ја продолжуваме битката со резултат НУЛА-НУЛА. Нема откажување, нема време за малодушност. Да не бараме утехи, затоа што битката за европска Македонија уште не е завршена. Кренете ги главите, вратете ги насмевките. Ние како партија сме обединети и ќе се бориме за нашите убедувања“, рече потпретседателот на СДСМ и коносител на парламентарната листа на „Коалицијата за европска иднина“ во ИЕ 2, Фатмир Битиќи на митингот во Чучер Сандево.
СДСМ продолжува со засилена одлучност, решителност и посветеност за идејата за европска Македонија, нагласи Битиќи.
„Откажувањето не е опција за храбрите, за нас од СДСМ. Не постои голема разлика – се’ е достижно! На 8 мај се’ почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од НУЛА. Ова да биде предизвикот преку кој ќе се сплотиме, да бидеме уште посилни во следните две недели. Уверен сум дека целосно сме подготвени за оваа ситуација која од нас бара гласно да кажеме дека нема откажување“, истакна Битиќи.