Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не е касно да го направите вистинскиот избор сега, а го имате мојот збор дека промените кои ги барате ќе се случат.

Ова им го вети д-р Венко Филипче на струмичани и поддржувачите на СДСМ од централниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина синоќа во Струмица.

„Одлуката е во ваши раце. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче. 

Тој истакна дека е свесен за разочараноста кај дел од членовите на партијата, кои и лично му приоѓале и му кажале зошто не гласале. До нив, но и до сите останати, Филипче упати порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам пред вас и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. А јас како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, рече Филипче.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …