Крушево: Започнува санацијата на патот до с.Цер, општина Кичево

Крушево: Започнува санацијата на патот до с.Цер, општина Кичево

Во соработка со централната власт, Општина Крушево започнува со санација на патот од с. Пуста Река до с. Цер, општина Кичево.

„Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредната ќе инсистираме на изнаоѓање финансиски средства за асфалтирање и целосна функционалност на овој регионален пат“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Регионалниот пат кој води до с. Пуста Река беше целосно реконструиран, а изградба на асфалтен пат кон с. Цер ќе ја олесни комуникацијата помеѓу двете општини.

„По асфалтирањето на патот од Крушево до Пуста Река, граѓаните апелираа да се работи на патот до с. Цер кој е достапен за користење за теренски возила, но не е функционален“, додава градоначалникот Христоски.

Подобрувањето на проодноста на овој пат, ќе значи значително намалување на оддалеченоста помеѓу општините Крушево и Кичево.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …