Данска на референдум за поништување на 30-годишната одбранбена воздржаност од ЕУ

Данска на референдум за поништување на 30-годишната одбранбена воздржаност од ЕУ

Данските гласачи денеска решаваат дали да ѝ се приклучат на одбранбената политика на Европската унија. Данска е единствената членка на блокот од 27 нации што не е во Заедничката безбедносна и одбранбена политика, бидејќи обезбеди исклучоци од неа и од евро валутата на референдумот во 1993 година за Договорот од Мастрихт, кој ги постави темелите за модерната ЕУ. Ако Данците кои се многу критичните за ЕУ гласаат за укинување на исклучувањето, како што покажуваат анкетите, тоа ќе означи уште една значајна промена во политиката за Европа откако Русија ја започна инвазијата врз Украина во февруари.

Шведска и Финска ќе присуствуваат на НАТО самитот во Мадрид

Шведска и Финска овој месец одлучија да аплицираат за членство во НАТО. И Данска и Германија веќе ветија дека нагло ќе ги зголемат трошоците за одбрана. „НАТО секако ќе остане наша најважна алатка, но ЕУ ни дава уште една алатка за обезбедување на нашата одбрана на истокот“, изјави Могенс Јенсен, од владејачките социјалдемократи. Данска е основачка членка на НАТО, но најголемата воена сила на алијансата, Соединетите држави, сигнализираа дека европските сојузници мора да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Учеството во Заедничката безбедносна и одбранбена политика ќе ѝ овозможи на Данска да учествува во заедничките воени операции на ЕУ, како што се оние во Сомалија, Мали и Босна.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужнокорејскиот претседател Јун воведе воена состојба во земјата поради блокада на буџетот, која траеше неколку …