Да нема забуни - учебната година во средните училишта завршува на 9 јуни

Да нема забуни – учебната година во средните училишта завршува на 9 јуни

Изминативе денови во јавноста, првенствено на социјалните мрежи, се поведе дебата за наводно продолжување на учебната 2022/2023 година во средните училишта.

За да нема забуни, ја објавуваме Одлуката на Министерството за образование и наука, потпишана од министерот Јетон Шаќири а објавена во Службен весник на РСМ на ден 12.01.2023 година, во која во чл.1 пишува:

„Второто полугодие започнува на 23 јануари 2023 година и завршува на 9 јуни 2023 година“.

Тоа значи дека на зимскиот распуст средношколците ќе му се радуваат уште 6 денови, а веќе во понеделник ќе седнат во училишните клупи.

Учебната година нема да биде продолжена, односно ќе заврши на 9 јуни.

Да нема забуни - учебната година во средните училишта завршува на 9 јуни

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …