Влада: Се воспоставува Национален електронски идентитет за секој граѓанин, Министерството за економија изработува план за реорганизација и спојување на институции

Влада: Се воспоставува Национален електронски идентитет за секој граѓанин, Министерството за економија изработува план за реорганизација и спојување на институции

На денешната 121 седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација.

Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со Планот за реорганизација на Министерството за економија, при што е задолжено Министерството да го спроведе Планот, според роковите утврдени во него.

Согласно Планот, се предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија –  Државен пазарен и технички инспекторат. Според овој пример, предвидени се спојувања и на: Фондот за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија; на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони и на Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви.

Министерството за економија го спроведува Планот за реорганизација на Министерството, согласно заклучок на Владата од седницата на 8 март 2022 година, кога Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа задолжени да започнат со спроведување на првиот пилот проект на министерскиот систем, согласно препораките од Интегрираниот извештај за државна реорганизација.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …