Владата усвои заклучоци за одбележување на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев

Владата усвои заклучоци за одбележување на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев

На денешната седница, Владата, донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

За таа цел, задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност.

Делегацијата којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата „Свети Спас“ во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, ќе биде составена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …