МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите дека за безбедноста в сабота кога ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Годе Делчев ќе бидат ангажирани и бугарски полицајци. „Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно“, реагира МВР на пишувањата на порталот „Макпрес“.

Од МВР потенцираат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку и за сите настани, да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

„Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата“, се вели во демантот од Министерството за внатрешни работи.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …