Исплатен е субвенциониран студентски оброк за март

Исплатен е субвенциониран студентски оброк за март

Студентите корисници на правото на субвенциониран студентски оброк денеска на своите сметки почнаа да ги добиваат средствата за тековниот месец март. За овој месец средствата по основ субвенциониран оброк изнесуваат 2.760 денари, односно студентите добиваат по 120 денари дневно за секој работен ден во март.

Инаку, веќе од следниот месец се очекува покачување на дневниот износ што го добиваат студентите за купување на оброци. Според поднесениот предлог-закон од група пратеници, износот ќе се зголеми за 20 денари дневно, па од април, во месечната пресметка по овој основ треба да влезе износ од 140 денари дневно.

Како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), системското решение ќе почне да се применува од новата академска година, односно од септември студентите на располагање ќе имаат по 140 денари дневно – средства со кои преку дигитални картички ќе можат да плаќаат кај угостителите за купување на оброци.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …