Бугарија: Расте предноста на коалицијата на Борисов

Бугарија: Расте предноста на коалицијата на Борисов

По мртвата трка на парламентарните избори во Бугарија, се зголемува предноста на централно-десничарската коалиција на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Последните податоци од Централната изборна комисија во Софија покажуваат предност од 2% на коалицијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, пред коалицијата Промената продолжува (ПП)-Демократска Бугарија (ДБ). Коалицијата ГЕРБ-СДС, по пребројани 81% од гласовите, има освоено 26,7%, а либерално-конзервативниот блок ПП-ДБ – 24,7% гласови.

Останати партии кои сигурно ќе влезат во парламентот се „Преродба со 14,6 отсто од гласовите, ДПС со 12% и БСП со 9% освоени гласови.

Влезот во идното 49. Народно собрание на Бугарија сѐ уште е неизвесен за партијата Има таков народ. Партијата ќе треба да чека на конечните резултати поради тоа што според актуелната состојба го има одвај поминато прагот за влез во парламентот (4%).

Аналитичарите и по овие петти избори во рок од две годиниочекуваат тешко составување влада во Софија.

Прочитајте повеќе

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

На самитот во Котор под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ , лидерите на земјите од …