Премиерот Ковачевски во официјална посета на Република Словенија

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Република Словенија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ќе биде во официјална посета на Република Словенија, заедно со  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во рамки на официјалната посета планирана е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, по што премиерот Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега, Роберт Голоб. Како дел од официјалната посета предвидена е и билатерална средба на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата предвидено е потпишување на заедничка декларација за зајакнување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, по што ќе се одржи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Премиерот Ковачевски ќе ја заокружи официјалната посета на Словенија со средби со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон и со министерката за дигитализација, Емилија Стојменова Дух.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …