Бугарија: Расте предноста на коалицијата на Борисов

Бугарија: Расте предноста на коалицијата на Борисов

По мртвата трка на парламентарните избори во Бугарија, се зголемува предноста на централно-десничарската коалиција на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Последните податоци од Централната изборна комисија во Софија покажуваат предност од 2% на коалицијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, пред коалицијата Промената продолжува (ПП)-Демократска Бугарија (ДБ). Коалицијата ГЕРБ-СДС, по пребројани 81% од гласовите, има освоено 26,7%, а либерално-конзервативниот блок ПП-ДБ – 24,7% гласови.

Останати партии кои сигурно ќе влезат во парламентот се „Преродба со 14,6 отсто од гласовите, ДПС со 12% и БСП со 9% освоени гласови.

Влезот во идното 49. Народно собрание на Бугарија сѐ уште е неизвесен за партијата Има таков народ. Партијата ќе треба да чека на конечните резултати поради тоа што според актуелната состојба го има одвај поминато прагот за влез во парламентот (4%).

Аналитичарите и по овие петти избори во рок од две годиниочекуваат тешко составување влада во Софија.

Прочитајте повеќе

Петер Маѓар: Поранешниот премиер и криминалец Никола Груевски нема место во Унгарија

Петер Маѓар: Поранешниот премиер и криминалец Никола Груевски нема место во Унгарија

„Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во …