Хрватска географска карта

Утрово силен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

Земјотресот се случил во 5 часот и 38 минути, а епицентарот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ. Магнитудата на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала

Сеизмолошката служба во Хрватска утрово забележа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од градот Слуњ во централниот дел на земјата.

Земјотресот се случил во 5 часот и 38 минути, а епицентарот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ.

Магнитудата на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI степени од ЕМС скалата.

Земјотресот беше почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во градот Лика и во централниот дел на земјата.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван и во БиХ.

„Буквално се се тресеше, секој дел од куќата“, напиша корисник на EMSC од Бихаќка.

„Нè разбуди, убаво се затресе“, додал друг од Слуњ.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Што би значела загубата на српската нафтена индустрија за Русија?

Што би значела загубата на српската нафтена индустрија за Русија?

Се чини дека Русите не се откажуваат од тоа партнерство, додека компанијата се најде под американски …