Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја

Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја

Како што би рекол и познатиот македонски писател Блаже Конески „јазикот е нашата татковина”, вели амбасадорот Лосон во своето видео-обраќање

Денеска, на 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. По тој повод, британскиот амбасадор Метју Лосон објави видео на кое зборува на македонски и вели дека му е чест што има можност да го учи јазикот.

„Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Како британски амбасадор, чест ми е што имав можност да го научам македонскиот јазик и да можам да зборувам слободно со луѓето во оваа прекрасна земја. Како што би рекол и познатиот македонски писател Блаже Конески „јазикот е нашата татковина”, вели Лосон во видеото.

Тој минатата година во октомври, положи испит за познавање на македонски јазик, ниво Ц1. За ова Лосон објави на Твитер, каде што постираше и кусо видео-обраќање во кое им порачува граѓаните да го негуваат јазикот и културата.

„Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик“, напиша амбасадорот на Твитер.

Денот на македонскиот јазик е прогласен во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната народна Влада на Народна Република Македонија, ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …