Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Каевски: Пред Мицкоски е одлуката, да ја поддржи европската иднина или да го следи патот на Груевски

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите за членство во ЕУ, го спроведува успешно скрининг процесот кој наскоро ќе финишира.

Имаме историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел: полноправно членство во ЕУ.

Одговорност пред граѓаните и иднината на земјата имаат сите 120 пратеници и политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ.

Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме.

А видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува.

Христијан Мицкоски стои пред одлука: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски.

Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот.

Со денови Мицкоски молчи за неговата одлука. Но, ќе почекаме до лидерската средба да видиме дали тоа што јавно го говори ќе го каже и таму.

Веќе следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …