Белград: Протест против изборните измами, штрајк со глад на опозициските лидери

Белград: Протест против изборните измами, штрајк со глад на опозициските лидери

Српските опозициски лидери Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ, започнаа штрајк со глад поради изборните измами на власта во Белград. Тие побараа поништување на локалните избори во српскиот главен град, додека илјадници жители на Белград протестираа синоќа пред Републичката изборна комисија, јавува телевизијата Н1.

Протестот почна пред Собранието на општина Белград во центарот на градот, а демонстрантите продолжија со собирот пред зградата на Републичката изборна комисија, каде што ги предадоа доказите за изборни нерегуларности во Белград.

Прочитајте повеќе

македонско и бугарско знаме

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

Течат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за состав на Влада иако добар дел од програмите …