Мицкоски за „360 степени“: Ќе видиме ВМРО-ДПМНЕ што ќе поддржува, како ќе поддржува ако дојдеме на власт

Мицкоски за „360 степени“: Ќе видиме ВМРО-ДПМНЕ што ќе поддржува, како ќе поддржува ако дојдеме на власт

Интервју на Христијан Мицкоски за емисијата „360 степени“ на МРТ

360°Претендирате да дојдете на власт и веројатно е важно да знаеме што нè очекува во пристапниот процес кон ЕУ?

Мицкоски: Па, ќе видиме ВМРО-ДПМНЕ што ќе поддржува, како ќе поддржува, за што ќе се избори, која политика ќе ја води. Од позиција на опозиција се консoлидиравме, победивме два пати на локални избори, најверојатно, еве, и вие самите констатирате според анкетите дека и на следните ќе победиме… Јас можам да зборувам за ВМРО-ДПМНЕ ако правиме анализа на претходните ВМРО кога Груевски бил претседател или Георгиевски, можеме и за тоа да зборуваме, но ајде, дајте му шанса на ова ВМРО-ДПМНЕ да покаже нешто различно и да покаже нешто што досега не е видено од аспект на квалитет на политичката сцена во Македонија.

360°: Како го коментирате ставањето на Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД, станува збор за ваш близок човек?

Мицкоски: Не, не, не е мој близок човек, ние сме колеги на факултетот, тој е професор, јас сум професор, 30 години се познаваме, но истовремено ќе ве потсетам дека јас сум бил жесток критичар кога тој бил дел од владата на Зоран Заев.

360°: Добро, во меѓувреме, многу работи се сменија и вие од соперници, со Заев станавте политички пријатели.

Мицкоски: Па, не знам сега… Ова го ставам во делот на политичките шпекулации.

360°: А, Кочо Анѓушев е медијатор во тие контакти.

Мицкоски: Јас не можам да кажам дека сум непријател ниту со Димитар Ковачевски, јас можам да кажам дека со Димитар Ковачевски сум политички противник, јас немам непријатели во животот, да – имам политички противници, тоа е легитимно.

360°: Како го разбирате ставањето на Анѓушев на „црната листа“?

Мицкоски: Па, мислам дека тоа што го кажа американскиот амбасадор дека имаат релевантни докаази, ги повикува македонски институции да побараат и дека тие се подготвени тоа да го приложат е добар начин да се докаже тоа што е политика од страна на Стејт депаратаментот на САД, и јас очекувам дека нашите правосудни органи, наместо да се занимават со политички терор врз опозицијата, еднаш ќе се фатат за работа и ќе го побараат тоа и да го добијат и да излезат во јавност и да кажат – ова се доказите приложени против тој, тој, тој и ние ќе покренеме судски процес.

360°: Има ли пораки до вас во овие именување на „црната листа“ – со Кочо Анѓушев и претходно со Јордан Камчев?

Мицкоски: Ако мислите дека на тој начин некој мене ми испраќа порака дека би можело мене да ме стават на таа црна листа…

360°: Не, не, не мислам на тоа, тука како за луѓе што орбитрират околу вас.

Мицкоски: Ама немојте да бидете, не прифаќам така, јас со господинот Кочо Анѓушев се знам 30 години и сум бил негов жесток критичар кога бил од владата на господинот Зоран Заев.

360°: Но, знаете дека се движиме во политички кругови во коишто слушаме повеќе работи отколку што јавноста слуша?

Мицкоски: Да, ама сега да не зборауваме за тоа што се зборува, сега зборуваме за факти, а фактите се дека ние политички не сме соработувале. Да, научно на факултетот сме сорабутавале, колеги сме, јас сум бил студент…

360°: На сцена – не, но со Заев сте се среќавале во неговите простории?

Мицкоски: Не, не, такво нешто нема, такво нешто не постои.

360°: Ве прашав дали има порака до вас со ставањето на Анѓушев и на Камчев на „црната листа“?

Мицкоски: Па, не го гледам јас тоа како порака, ако така гледате дека таму има лица коишто биле порано високи преставници во ВМРО-ДПМНЕ, лица од ДУИ, тука не треба да гледаме, Васко, порака, тука треба да гледаме еден процес што треба сите нас да нè загрижи како општество и тоа што досега, за жал, нашите правосудни органи не го гледаа, конечно да прогледат. Во ред, овие лица се дел од вашите, условно кажано, црни листи – дали на некој му е забранет влез во САД, дали за некој е замрзнат имот што таму го поседува, но ве молам, дајте ни докази за да можеме тие докази пред домашното законодавство да ги процесуираме и овие лица да одговарат таму каде што ги направиле овие здодела, затоа што претпоставувам доказите се поврзани за криминалот или одреден начин на нивно делување во Македонија, не во САД. Логично е јас за мојата држава да сум позагрижен отколку што е загрижен американскиот амбасадор или некој таму што одлучува кој да биде дел од тие листи или не. Ако е така, и ако јас и вие од нашите плаќања данок им даваме плата на овие луѓе, очекуваме тие да си ја завршат работата, односно веднаш да ги побараат доказите и врз основа на тие докази да отворат истрага, и доколку постојат докази, да се отпочне процес во којшто овие лица ќе имаат можност да докажуват дали се виновни или се невини. Сè останато е естрада и фолкор. Затоа очекувам тоа час поскоро да се случи, имајќи го предвид тоа што и од страна на американскиот амбасадор има голема волја да помогне во овој процес.

Извор: 360степени

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …