СДСМ: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, бараме ослободување на новинарот Фуркан Салиу

СДСМ: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, бараме ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу.

СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш.

На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.

На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски.

Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.

Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав.

Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес.

За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.

ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.

Во демократска држава во април мириса на пролет а со ДПМНЕ на чело на МВР кај нас мириса на режим.

Се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски.

Ова значи дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата режимска партија.

Уште еднаш, СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен. Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине.

Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму а полициската бруталност да биде спречена.

Прочитајте повеќе

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК …