Ковачевски: Со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно ќе ја постигнеме целта - Македонија членка на ЕУ!

Ковачевски: Со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно ќе ја постигнеме целта – Македонија членка на ЕУ!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешните средби со граѓаните од општина Центар, порача дека СДСМ со Коалицијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски, нема да се откажат од визијата за обезбедување подобар европски животен стандард преку мерки за поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.

По завршувањето на средбите во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека на претстојните претседателски избори, поддршката на СДСМ за претседателот Пендаровски е силна со оглед на фактот дека и тој и граѓаните ја делат визијата за проевропска држава и дека заеднички ќе се постигнеме целта – Македонија членка на ЕУ.

„Претседателот Пендаровски има исто така јасна визија, одлучност, исто како што имам и јас, нашата држава да биде земја членка на ЕУ. Меѓутоа не само заради членството, туку поради подобар  животен стандард, подобри услови за живот на граѓаните. Затоа, ги повикувам граѓаните да дадат поддршка на кандидатот Стево Пендаровски, кој е наш претседател, кој докажа како треба да изгледа еден модерен прогресивен претседател кој се грижи за сите граѓани. И подоцна секако да ја поддржат и Коалицијата за европска иднина и со тоа да имаме и претседател и влада со кои државата ќе биде на сигурна патека кон ЕУ интеграциите“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …