Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“, утредента со Димитров ќе се сретнат со Нимиц

Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“, утредента со Димитров ќе се сретнат со Нимиц

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи.

Утредента тој од Скопје заедно со својот македонски колега Никола Димитров ќе отпатуваат за Виена, каде ќе се сретнат со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН и посредник во преговорите за името, Метју Нимиц.

Посетата на Коѕиас в четврток ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …