Рускиот дипломат бил дел од обидите за инсталирање агенти во власта во Македонија?

Рускиот дипломат бил дел од обидите за инсталирање агенти во власта во Македонија?

Протерувањето на рускиот дипломат не е само последица на солидарност за случајот „Скрипал“ туку тој бил вмешан и во активности на руското разузнавање за инсталирање на руски агенти во високите ешалони на дел од извршната власт, објави „Телевизија 24“,  повикувајќи се на „високи извори во македонската полиција“.

Македонското МНР вчера одлучи да протера руски дипломат како чин на солидарност за случајот Скрипал во координирана акција со 14 земји партнери.

„Денес ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и за да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија“, напиша вчера на „Твитер“ македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

На ова реагираше руската амбасада и на „Твитер“ профилот објави дека македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат.

„Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, објави руската амбасада.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …