Тунтев: Препораката за членство во ЕУ е признание за досега сработеното

Тунтев: Препораката за членство во ЕУ е признание за досега сработеното

Прес конференција на Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ:

Пораките кои денес ги добивме од високата претставничка за надворешна и безбедноста политика на Европската унија Федерика Могерини и вчера од  еврокомесарот Јоханес Хан како и исклучително позитивниот Извештај за напредокот на Република Македонија се јасен сигнал дека нашата државата се движи во вистинскиот правец.

Охрабрувањето што го добиваме од високите европски претставници и кристално чистата и безусловна препорака за полноправно членство на Република Македонија во Европската унија се признание што го добивме за сите наши досегашни напори, но и дополнителен мотив за нас да го продолжиме патот на реформите.

Позитивните оценки во Извештајот на Европската комисија се значаен успех за Македонија, која што по долги години на политичка криза и бесперспективност, изолираност, се врати на вистинскиот, на европскиот пат.

Препораката за членство во ЕУ е признание за досега сработеното, но и патоказ за идните реформски процеси кои што не очекуваат. А не очекува уште многу работа, која што посветено и уште помотивирано ќе ја сработиме со нашите пријатели од Европската унија.

Наша следна задача и цел е одлука за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни, што ние како парламентарно мнозинство заедно со Владата ќе гледаме интензивно да ги реализираме и сработиме поставените задачи.

Во тој контекст, во насока на зајакнување на улогата на Собранието на Република Македонија, на иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а во соработка со Националниот демократски институт ќе обезбедиме уште поголема комуникација помеѓу пратениците и Владата. Имено почнувајќи од наредната седница за пратенички прашања што е планирано да се одржи на 26 април, во четврток, премиерот и министрите од Владата на Република Македонија, за време на паузата ќе бидат достапни за сите пратеници, вклучително и пратениците од опозицијата за во една неформална, директна комуникација, пратениците да имаат можност од прва рака да се информираат за прашања кои се од нивен интерес, секако за прашања и проблеми од средините од кој што доаѓаат, но и за да алармираат за одредени проблеми.

За да се реализира оваа идеја неопходно беше враќањето на нашите колеги од опозицијата, на овој начин сакаме да овозможиме поголема инклузивност, но и да го унапредиме политичкиот дијалог во нашата држава. Дополнително, премиерот Зоран Заев ќе присуствува и на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, на Комисијата за европски прашања и на Мешовитиот парламентарен комитет, што треба да се одржи наредната недела, каде што директно ќе ги информира пратениците за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, но и за процесите и очекувањата што следуваат, и на тој начин очекуваме да ја мотивира дебатата кај пратениците за Извештајот на Европската комисија.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …