МТВ ја изработи Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030

МТВ ја изработи Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030

Министерството за транспорт и врски изработи предлог Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.

Главните цели на Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 се:

– да се осигура економска одржливост во развојот, управувањето и одржувањето на транспортните системи,

– да се подобри безбедноста во сообраќајот

– да се развие мулитмодалниот транспорт

– да се подобри одржливоста на животната средина

– изградба на инфраструктура согласно европските стандарди како дел од единствениот транспортен систем во регионот.

Овие општи цели се преточени во поеднични цели за секој вид на транспорт и понатаму се разработени во конкретни 132 активности што се планирани за реализација до 2030 година.

Во рамките на проектот за подготовка на предлог Стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за животна средина се спроведе постапка и се изработи предлог Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната Транспортна Стратегија.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната транспортна стратегија 2018 – 2030, овие два документи се достапни на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030

Исто така ќе се одржи и јавна расправа по Предлог стратегијата и Предлог извештајот за Стратегиска оцена на животната средина.

Сите забелешки  во врска со предлог Националната Транспортна Стратегија може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската адреса на Министерството: info@mtc.gov.mk

 

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …