Лазаревски и Костовски номинирани за наградата на ЕП за свиркачи на годината

Лазаревски и Костовски номинирани за наградата на ЕП за свиркачи на годината

Во Европскиот парламент во Стразбур на 29 мај ќе бидат соопштени имињата на добитниците на наградата „Новинари, укажување и бранители на правото на информирање“, која годинава се доделува во чест Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил во октомври лани.

Меѓу номинираните се и Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски,  вработените во МВР кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта во Македонија.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …