Костадинов: Од продажбата на струја остварен е приход од 8,7 милиони евра

Костадинов: Од продажбата на струја остварен е приход од 8,7 милиони евра

Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:

Македонија продава струја и заработува од зголеменото сопствено производство на електрична енергија.

Тоа е резултат од успешно, домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ и новото раководство на АД ЕЛЕМ.

Од почетокот на оваа година, на три аукции, вкупно се продадени 170.160 MWh со приход од над 8.7 милиони евра (8.720.558 евра).

За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија.

Во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку.

Ова е периодот кога со АД ЕЛЕМ раководеше поранешниот советник на Никола Груевски и сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Споредбата во времето кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со ЕЛЕМ, како Христијан Мицкоски, покажува дека: од држава зависна од увоз на електрична енергија, денес Македонија продава вишоци на електрична енергија.

Се потврдува дека со домаќинско и одговорно управување се постигнуваат значителни резултати од кои се обезбедуваат повеќе пари за државата а бенефит на крајот имаат сите граѓани.

 

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …