Кога нашите политичари ќе осудат “убиство на Македонец од страна на Албанец“, или обратно, “убиство на Албанец од страна на Македонец“, тоа не е никаква осуда, туку подгревање на меѓуетничка тензија. Искрена осуда е осуда на убиство. Сѐ друго е интенција. Оти солзите по изгубеното чедо, подеднакво ги печат и македонските и албанските мајки.