Заев и владина делегација од денеска на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел

Заев и владина делегација од денеска на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и владина делегација во состав Радмила Шекеринска-Јанковска, Заменик претседател на Владата и Министер за одбрана, Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров, Министер за надворешни работи, и Стево Пендаровски, национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, денеска и утре ќе присуствува и ќе учествува во работата на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел.

Во текот на денешниот ден, доцна попладне, премиерот Заев ќе има свое обраќање на настанот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“, по што ќе замине на свечената вечера на шефови на држави и влади на земји членки, и на шефови на држави и влади на земји членки и партнери, што ја организира премиерот на Белгија Шарл Мишел.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев и македонската владина делегација во новото седиште на НАТО, ќе го отпочне учеството на официјалниот дел од агендата на самитот.

Премиерот Заев во придружба на Заменик претседателот на Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе учествува на состанокот на Лидерите на земјите членки и партнери во формат RSM “Решителна поддршка”, на ниво на шефови на држави и влади.

Агендата на годинашниот Самит на шефови на држави и влади на НАТО оваа година во Брисел во четврток предвидува прес конференција на Генералниот секретар Јенс Столтенберг, и церемонија на врачување на поканата за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО за Република Македонија.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација за време на дводневните активности на Самитот на НАТО во Брисел ќе имаат повеќе билатерални средби и ќе верификуваат повеќе декларации и документи за соработка со земји членки на НАТО.

 

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …