Ахмети: Имаме разлики, но сите треба да се ангажираме Договорот со Грција да успее

Ахмети: Имаме разлики, но сите треба да се ангажираме Договорот со Грција да успее

Има разлики кај партиите меѓутоа треба сите да се ангажираме за да имаме успешна имплементација на Договорот со Грција, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници.

– Бидејќи ни се исцрпени сите опции, останува во наредните денови да се продолжи со разговорите. Очекувам сите да делуваат храбро, за да не ја испуштиме оваа историска шанса -изјави Ахмети.

Лидерот на едниот огранок на Беса, Билал Касами, смета дека државата е во криза и поради тоа интензивните преговори на политичките партии се многу важни.

– Ние ќе придонесеме овој процес на преговори да заврши со решение за формирање на ДИК и за референдумот да биде успешен, со цел Македонија, еднаш за секогаш, да стане членка на ЕУ и НАТО – изјави Касами.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …