ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни и 4 јули покажале дека количествата испуштени јаглероден моноксид (СО), јаглероден двооксид (СО2), азотни оксиди (NOx), сулфурен двооксид (SO2) и прашина не ги надминуваат просечните вредности.

Од ДИЖС порачуваат дека редовно ќе ја следат работата на депонијата „Дрисла“ и на печката за медицински отпад.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …