Вечер посветена на унгарската култура

Вечер посветена на унгарската култура

Со прекрасни танци и ора, како репрезентативен дел од автентичната унгарска култура, синоќа на просторот околу Градскиот Саат се одржа„Унгарска вечер“, на којашто настапија оркестарот  „Фокош“ и ГФ „Селенце“.

Вечер посветена на унгарската култураФолклорната група „Селенце“  е дел од културното друштво „Шандор Петефи“ од Бечеј, Војводина, припаѓа на елитното друштво фолклорни групи и редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина.

А, членовите на оркестарот „Фокош“ којшто е исто така од Бечеј, исклучително  свират унгарска народна музика.

Вечерта посветена на унгарската култура во Прилеп, се одржа во организација на центарот за култура „Марко Цепенков“, здружението на Унгарци, „Телехаз“ и амбасадата на Унгарија во Македонија. Предизвика интерес меѓу граѓаните, а во редот на почесните гости беше градоначалникот Илија Јованоски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …