Температурaтa денеска до 37 степени

Температурaтa денеска до 37 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движеше од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 25 и 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 34 степени.

Следува период на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. В четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи.

(META)

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …