Семејството чии дечиња загинаа во пожар доби социјален стан во Велес

Семејството чии дечиња загинаа во пожар доби социјален стан во Велес

Марина и Никола од Велес, родители на трите малолетни дечиња кои во месец јуни изгореа во пожар во нивниот дом, еднособна колиба без струја и вода на ридот Вршник, добија на користење стан од државата пишува Фокус. Станува збор за двособен стан во зграда во комплекс за лица со ниски примања во Велес, во населбата Тунел.

Заедно со нив живее и нивниот постар син Стефан, кој е полнолетен, а за кого градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, набргу по пожарот ни изјави дека ќе добие вработување во градското комунално претпријатие. Но, и покрај тоа што им се решило станбеното прашање, семејството имало потреба од покуќнина, бидејќи изгубиле се во пожарот.

Трагедијата на ова семејство ја потресе целата јавност. Марина и Никола една година пред да се случи пожарот барале кров над главата од Центарот за социјална работа во Велес. Таткото уште тогаш поднел барање до комисијата за станбени прашања, но наводно биле одбиени бидејќи тој имал имот од неговата мајка.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во …