Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Џафери истовремено ги информира пратениците дека по барање на Собранието, Владата на вчерашната седница донела одлука и одобрила да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари (1,3 милиони евра).

Рокот од три дена Џафери им го дава на координаторите на пратеничките групи e заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.

Собранието вчера формираше Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања. Со Координативното тело ќе раководи Џафери, а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …