Костадинов: Членството во ЕУ значи повеќе пари за нови водоводи, патишта и училишта

Костадинов: Членството во ЕУ значи повеќе пари за нови водоводи, патишта и училишта

Интегрален текст од прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ и коалицијата:

Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија.

Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина.

Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет.

Со членството во Европската унија значително ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки.

Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските производи стануваат рамноправни на големиот европски пазар.

Досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места.

Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

На пример бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ.

Почитувани граѓани,

Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас.

Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет.

На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина!

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …