Шекеринска во Чаир: Светот ја гледа Македонија како нова надеж одлуката дали ќе ја искористиме шансата е наша!

Шекеринска во Чаир: Светот ја гледа Македонија како нова надеж одлуката дали ќе ја искористиме шансата е наша!

–      На 30 септември можеме со нашиот глас да обезбедиме Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО. Генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска јасно кажа – 29 најмоќни земји членки на Алијансата чекаат да го постават јарболот со 30-тото знаме, на Македонија. Одлуката е наша – рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на трибина во Чаир.

Поддршката од земјите членки на ЕУ и НАТО е силен поттик за Македонија, но дали ќе ја искористиме шансата зависи од граѓаните – порача министерката.

–      Денеска во посета на Македонија беше Столтенберг и тоа втор пат за 9 месеци, што досега не се случило. Доаѓаат австрискиот премиер Курц, германската канцеларка Меркел. Светот ја гледа Македонија како нова надеж , ЕУ и НАТО ги отворија вратите, но одлуката дали ќе го пречекориме прагот е наша. На 30 септември одлучува секој од нас. Убедена сум дека мнозинството граѓани сака нашата држава да биде стабилна и рамноправна членка на ЕУ и НАТО, каде нашите деца ќе ги имаат истите шанси со нивните врсници од земјите членки – рече министерката.

Таа зборуваше за придобивките кои на Македонија ќе и ги донесе членството во ЕУ и НАТО – безбедност и стабилност, повеќе работни места и подобра економија. Инвестициите во Црна Гора по влезот во НАТО се зголемија двојно, процентот на туристи од земјите членки е зголемен. НАТО и ЕУ се гаранција дека ќе продолжиме да ја градиме Македонија во модерна земја во којашто владее правото, има ред и закон—подеднакво за сите – рече Шекеринска.

Чаир е етнички мешана средина и тука луѓето зборуваат на различни јазици и се разбираат меѓу себе. Знаеме колку ни прави чест кога другите ни го знаат и признаваат јазикот. Чаир е пример за тоа. Кога Македонија ќе биде членка во ЕУ и НАТО, македонскиот јазик ќе биде официјален јазик во ЕУ и ќе се признава во НАТО – рече министерката.

Шекеринска во Чаир порача дека може да честита како граѓаните на Македонија за време на кризата и по неа покажаа дека знаат да се обединат.

Одговарајќи на прашање на присутните, таа порача дека кога станува збор за интересите на граѓаните, партиските интереси мора да се стават на страна, а да се нема став за толку важно прашање како што е референдумот за иднината на државата, е политички неодговорно.

Шекеринска ги повика сите граѓани да излезат ЗА европска Македонија на референдумот на 30 септември.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …