Во Прилеп ќе се изведува третата фаза за прскање против комарци

Во Прилеп ќе се изведува третата фаза за прскање против комарци

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп, ги информира граѓаните дека на 12, 13 и 14 септември, во периодот од 8-14 часот, на територијата на општина Прилеп ќе се спроведува третата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини, т.е. места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, комплетно течение на градската река, Дабнички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот ден.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …