Положено свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки
SONY DSC

Положено свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки

Претставници на локалната самоуправа, делегација од Советот на Општина Битола, претставници на организаторот и дел од гостите на ИФФК „Браќа Манаки“, како и претставници на Комуната на Власите – Арманите и на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“, денес положија свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, на Влашките гробишта во Битола.

На овој начин, како и секоја година за време на фестивалот „Браќа Манаки“, им беше оддадена почит на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Присутните гости од останатите земји беа запознати со биографијата на браќата Манаки, нивниот филмски опус и историското значење на нивните филмски записи. Градот Битола, благодарејќи на браќата Манаки, денес го има првиот светски фестивал наменет за кинематограферите, по што е препознатлив во светот на филмската уметност.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …