ОТВ - Прва медиска заедница на западен Балкан

ОТВ – Прва медиска заедница на западен Балкан

Вчера во просториите на АГТИС, на учесниците кои успешно ја завршија новинарската школа во склоп на проектот „Отворена ТВ“ им беа доделени дипломи, а воедно премиерно беше прикажан и документарен филм за Прилеп, во изработка на ОТВ Тим АГТИС.

Во изминатите 11 месеци, АГТИС учествуваше во регионалниот проект „Формирање локален непрофитен медиум Отворена ТВ – ОТВ“ заедно со 3 организации од земји од регионот: Медиски истражувачки центар – Ниш, Србија, СПОНА – Беране, Црна Гора, КВАРТ – Приједор, Босна и Херцеговина. Според Европскиот форум на медиски заедници 2012,  мапирани се вкупно 521 телевизиска станица на заедницата кои се активни низ цела Европа. Но, сепак во многу европски земји, главно во Источна Европа, медиумите на заедницата не постојат или сè уште се сметаат за дел од приватниот комерцијален медиумски сектор. Затоа, беше формирана Првата медиска заедница во источен Балкан .

Целта на проектот е вмрежување на невладиниот сектор и медиумите, за пообјективно информирање на граѓаните во локалната заедница и заштита и унапредување на човековите права, односно воспоставување на трет медиумски сектор, кој одлично функционира во западните и развиени земји.

Резултат на овој проект се близу 400 прилози, како и 4 документарни филмови.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …