Министерот Адеми во посета на меѓународниот форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“

Министерот Адеми во посета на меѓународниот форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, по покана на директорот на Меѓународниот центар  за миграциски политики  и поранешен премиер на Австрија Михаил Шпинденглер,  ќе учествува на меѓународниот форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“ кој ќе се одржи во Виена на 18 и 19 октомври, 2018.

Министерот Адеми ќе учествува во високиот политички панел на кој ќе учествуваат  федералниот министер за култура и медиуми на Австрија, Гернот Блумел, министерот за миграции на Холандија, Марк Харберс, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушлогу и претставници на други влади од земјите членки на ЕУ, како и претставници на организации и институции.

На форумот во Виена ќе се обрати и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …