Костадинов: Дали молкот на антизападниот Мицкоски се обид да ги сокрие врските со Миле Јанакиески?

Костадинов: Дали молкот на антизападниот Мицкоски се обид да ги сокрие врските со Миле Јанакиески?

Почитувани граѓани,

Спрегата на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со криминалите на Никола Груевски излезе на виделина.

Јасно е зошто антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски бегаат од јавноста за шемите со компанијата во која има удел Мицкоски, како добивала тендери од Владата на Груевски, додека бил негов советник.

Но од вистината бегање нема.

Овој документ покажува дека покрај антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски, удел во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје, има и Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот Димитар Димовски, некогашна десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, против кого денеска се водат бројни судски процеси.

Дали молкот на антизападниот Мицкоски се обид да ги сокрие врските со Миле Јанакиески?

Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има земјиште од над 14 илјади квадратни метри во општина Берово.

Прв сосед на Димовски е токму Миле Јанакиески кој има парцела од над 16 илјади метри квадратни.

Двете парцели, од вкупно 30 илјади квадратни метри порано биле сопственост на Република Македонија.

Почитувани граѓани,

Спрегата помеѓу Груевски и неговиот соработник Јанакиески со актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски е потврдена.

Заглавени во сопствената изолација, ова антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени.

Ова е уште една силна причина останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесите кои обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …