Филипини: Јанкуловска и другите обвинети да замолчат и да размислат што им направиле на граѓаните

Филипини: Јанкуловска и другите обвинети да замолчат и да размислат што им направиле на граѓаните

Коментирајќи ги последните случувања во нашата држава, поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, Симоне Филипини вели дека поранешните членови на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски случаи, треба да замолчат и да размислат што и’ направиле на земјата:

„Луѓето што се одговорни за високото ниво на корупција, за поткопувањето на владеењето на правото во Македонија, за поткопувањето на независноста на медиумите, за корумпирањето на судиите, и да бидам искрена, некои луѓе од претходната влада, а ние добро знаеме кои се тие, поранешниот премиер, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и некои други што со право се обвинети сега во судски случаи, мислам дека крајно време е да замолчат и да размислат за она што и’ го направиле на земјата, против земјата и против нејзините граѓани“, вели Филипини.

Филипини учествува на Светскиот форум за демократија во Советот на Европа во Стразбур.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …