Спасовски: Има нови работи околу бегството на Груевски, тоа Обвинителството ќе го соопшти

Спасовски: Има нови работи околу бегството на Груевски, тоа Обвинителството ќе го соопшти

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше еден од најповикуваните по бегството на Никола Груевски на прашањето дали има новости во истрагата и кога ќе излезат официјално со резултатите кратко одговори.

– Има, тоа ќе го соопшти Јавното обвинителство – рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи вели дека ја очекувал интерпелацијата од ВМРО-ДПМНЕ за неговата работа. Но, вели, ќе мора да ги разочара.

– Ако им е новогодишна желба на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ јас да заминам од власта, ќе ги разочарам, нема да и се исполни – рече Спасовски.

Прашан од „Канал 77“ да ја коментира денешната најава од опозициската партија за интерпелација за неговото работење, министерот рече дека тоа за него било очекуван гест.

– Очекував, да, но, тоа за мене е само признание за мојата работа. Имам многу што да има кажам за интерпелацијата – одговори Спасовски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …