врнежи од снег

Сите патишта проодни, на планинските превои врне слаб снег

Информација од „Македонијапат“ за состојбата на патиштата во Република Македонија:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …