дпмне

ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали пратениците ќе излезат на протестот пред Собранието

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ставот дека нема да ги поддржи уставните измени, ниту пак ќе учествува во расправата во Собранието во третата фаза, која почнува денеска напладне. Дали ова ќе значи дека пратениците ќе излезат на протестот пред Собранието, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски изјави дека својот став ќе го кажат на прес-конференција што ја планираат за попладне, најверојатно во 13 часот.

Седницата на Собранието на Република Македонија е закажана за напладне, но нема веднаш да се почне со расправата за уставните измени, бидејќи прво треба да се констатира оставката на Томислав Тунтев од СДСМ. Потоа следи работа на Државната изборна комисија и верификација на мандатот на Рубин Земон. Уставните измени се очекува да дојдат на ред по вообичаената пауза за ручек.

Расправата, сепак, се очекува дека нема да заврши брзо, брифираат од пратеничките групи. Иако, неофицијално, обезбедено е потребното мнозинство од 80 пратеници, каде се вклучени пратениците на Алијансата за Албанците, Беса и независниот пратеник Панчо Минов, расправата ќе тече сè до завршувањето на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина.

Меркел, освен со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во текот на посетата ќе се сретне и со лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој остро се противи на Преспанскиот договор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …