Згрижени жителите на отсечените села на Скопска Црна Гора

Згрижени жителите на отсечените села на Скопска Црна Гора

Центарот за управување со кризи (ЦУК), во координација со АРМ, со припадници на Црвениот Крст на Република Македонија, денеска презедоа акција, со хеликоптер на Армијата, преку која доставени се прехранбени продукти и други неопходни средства што им се потребни на жителите на селата Танушевци, Брест и Малино Маало.

Екипите на тимовите што ги координираше ЦУК до овие населени места кои се отсечени заради обилните снежни врнежи пристигнаа со хеликоптер на АРМ и остварија контакти со населението и заради утврдување на нивните потреби од здравствени интервенции.

Во оваа акција учествуваа и стручни лица од ЕВН Македонија заради проверка на далекуводот, за санирање на проблемите со електричната енергија.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …