Десетта седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Десетта седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, денеска, во Владата на Република Македонија ја одржа десеттата седница, која ја водеше министерката за правда д-р Рената Дескоска.

Членовите на Советот го усвоија Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) презентиран од претставник на Министерството за правда и истиот покажува преглед и степен на реализација на досегашните достигнувања во реформата на правосудниот сектор предвидени со Акцискиот план на Стратегијата. Извештајот е фокус на досега донесените законски решенија и постигнатото зголемување на ефикасноста на судовите и подобрување на правосудството.

На седницата беше констатирано, дека Извештајот ги следи стратешките цели на реформите во овој сектор и ги опфаќа мерките и активностите кои ќе се реализираат во предвидениот рок, со вклучување на сите институции во правосудниот систем.

Пред членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, беше претставена и Анализата на судската мрежа во Република Македонија.

Во врска со Анализата на судската мрежа во Република Македонија беше заклучено дека подетално ќе се разгледува и на една од наредните седници, од каде ќе произлезе потребата за понатамошни анализи или креирање политики.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …